Правда за

Македонија

Татковината повикува!

Ветувам дека

Исправена сум пред многу сложена задача. Да ги промовирам моите вредности како професорка со критичка мисла, која се бори за право и правда. Како сопруга и мајка која ги спојува традиционалните вредности со модерните, и која четвртина век е посветена на женската еманципација. Како јогистка и веган која се грижи за здравје и здрава животна средина. Како личност која е правична за луѓето и животните (имам вдомено куче од Вардариште и маче од улица). Во исто време планирам да ги освојам срцата на сите непартиски луѓе, но и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија, Работничко земјоделска партија, Странка на демократска акција, ГРОМ, ПОДЕМ, Демократската партија на Србите од Македонија, Демократска Бошњачка партија, Демократски сили на Ромите, Нова либерална партија, ВМРО-ДП, Сојуз на Титови леви сили, Македонска акција МААК, Македонска Алијанса, Движењето за национално единство на Турците, Партијата на Власите во Македонија, Роми обединети од Македонија.

Затоа мојата кампања ќе патува низ Македонија и ќе прави добро. Секој град кој ќе го посетам ќе добие, мала, бесплатна, јавна библиотека. Исто така граѓанските активности ќе бидат насочени кон правење добро за себе, за околината и за заедницата.

Придружете ми се!

Татковината повикува!

Следен настан

19 Април, 20:30 часот

Штип

TOP Skip to content