Силјановска Давкова: Никој нема право зад затворени врати да решава за македонската историја

Соопштение до јавноста

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на општина Аеродром.

Силјановска Давкова во изјава за медиумите нагласи дека комисијата која решава за промена на македонската историја не  е под капата на МАНУ или универзитетот, туку под политичка капа, односно како што рече таа не е против тоа да се избришат нешта кои што се навредливи, но дека тие немаат право во затворен круг да решаваат за македонската историја.

Идејата е да разменам мисли со еден прекрасен амбиент и прекрасен ден околу нешта што мене ме загрижуваат врзани за македонскиот јазик, македонската литература, македонската археологија. Прашања што се значајни за македонскиот идентитет искрено имав и се уште имам дилема дали она што е предвидено со Преспанскиот договор а се однесува на меѓудржавни комисии под политичка капа, не под капа на МАНУ или Универзитетот може на политички начин иако меѓу нив има експерти не верувам  дека се ренесанси личности кои знаат се да решаваат историски проблеми. Јас мислам дека историјата е процес, така се гради, дека никој нема право во затворен круг, во тесна ексклузивна дебата да се усогласи околу настани, околу личности. Мислам дека тоа е надвор од она што би било логично, вели Силјановска Давкова.

Со почит,

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова