Апстиненцијата е модерна болест, укажува на болеста на демократијата

Почитувани,
Апстиненцијата е модерна болест, укажува на болеста на демократијата. Луѓето се разочарани од носителите на политичката власт. Зошто најчесто тие ги адресираат сопствените интереси наместо интересите на граѓаните. Значи таа е синоним на криза на претставничката демократија.
Зачукај на македонска врата, инаку Венецијанската комисија во три наврати во извештаите и препорачуваше на Македонија да го тргне цензусот од вториот изборен круг зошто е невообичаено решение. Меѓутоа етнопартиските договори не доведоа до тоа.
Јас сепак се надевам дека ќе го постигнеме цензусот од 40%, во таа функција со сиот респект за причините и дилемите кои ги имаат граѓаните во Македонија кога не гласаат еве отворен повик им упатив на сите кои имаат дилеми. За заедно да ги разрешиме.
Се разбира, претпоставувам дека колку што има граѓани кои не излегоа, толку има и причини но кај некои причините се слични и мислам дека тие заслужуваат одговор на дилемите.
Се надевам дека моите аргументи ќе премислат многу од нив, зошто мислам дека она што го нудам и она што го правам е гаранција дека нема да ги заборавам како граѓани.