Без помош на граѓаните јас ништо не можам да направам

Почитувани,
Велат дека мојот говор е поинаков, дека моите настапи се поинакви, дека мојот речник е поинаков. Не само женски туку дека ги адресира вистинските проблеми, резултатот е охрабувачки, јас ќе продолжам по свое.
Мислам дека доволно ги инспирирав граѓаните во првиот изборен круг за да излезат и во вториот изборен круг.
Мислам дека во вториот изборен круг ќе бидат похрабри оние врз кои се вршеше притисок исто така мислам дека во вториот изборен круг оние што имаа дилеми, ги разрешија дилемите.
Јас веќе настапив во „Јавна соба“ разговарав отворено и спремна сум со сите да се соочам. Оние кои мислеа дека не вреди да се излезе на овие избори, охрабрувачки е, ги гледате дебатите и не би сакала да ги коментирам. Јасен е резултатот, мислам дека сме на прав пат и дека на 5-ти мај ќе има основ да се слави, и не зошто за прв пат жена победила во Македонија на претседателски избори, туку затоа што јас верувам дека треба да се вреднува знаењето, умот, одговорноста, блискоста до граѓаните, скромноста ако сакате и дека тоа е демократската добитна комбинација.
Се разбира, без помош на граѓаните јас ништо не можам да направам.
Но го имаат мојот збор дека од првиот ден јас ќе бидам со нив и дека никогаш нема да заборавам дека ништо не би постигнала без поддршката на луѓето, еве и овде во Ваташа.