Време е да завладее правото и правдата во нашата земја Република Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска пред граѓаните во Аеродром вети дека правото и правдата ќе завладее во Република Македонија и конечно ќе се стави крај на оваа криза и црнило кое владее во државата поради оваа власт.

Мојот кабинет ќе биде кабинет во кој ќе доминираат жени. Доаѓа времето на жените во Македонија, нагласи Сиљановска.

Според Сиљановска, победа на претседателските избори е вовед во предвремените избори на кои ќе се стави крај на оваа власт која владее кршејќи закони со цел на осварување на свои цели и интереси.

Се нарекоа реформска влада и народот очекуваше реформи, очекуваше демократија, очекуваше владеење на право, очекуваше европеизација ама таа не дојде. Единствената промена што ја направија е промената на името, најболната промена, додаде Сиљановска.

Сиљановска од граѓаните на Општина Аеродром побара масовен одзив на изборите со кој би се задал „последниот удар“ на премиерот Заев и неговата Влада. Време е да завладее правото и правдата во нашата земја Република Македонија.