Граѓанските организации се алатката која наговестува каде власта греши

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓанската организација Полио Плус.

При самата средба проф. д-р Гордана Силјановска Давкова истакна дека реформата започнува токму од граѓанските организации.

Граѓанските организации се алатката која наговестува каде власта греши, и какви закони се потребни за да се подобри животот на граѓаните. Оваа власт иако ветуваше дека ќе го слуша гласот на граѓанските организации сепак останува глува на нивните барања, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова при самиот крај од средбата посочи дека приоритет е да се врати владеењето на правото, довербата во институциите, урнисани од власта и се запре заевизмот кој негативно влијае врз државата и секојдневното живеење на граѓаните на Република Македонија.

Средбата во Полио плус ни послужи за конкретна дискусија за јавните политики кои се однесуваат за нашите граѓани кои имаат посебни потреби. Се залагам принципот на правична и соодветна застапеност да ги вклучи и нив. Ќе работам на случајот, посочи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.