Демант

До проф. Мимоза Ристова,

Во 1992 кога професорката Гордана Сиљановска Давкова е министерка беше почната примената на Законот за приватизација на становите во општествена сопственост. („Службен весник на Р.М. брoj 36/1990, 62/1992,)  и сите граѓани на РМ  кои беа корисници на општествени станови, т.е. носители на станарско право на овие станови, по основ на овој закон си ги купија становите. Според тој закон сопругот на Гордана Сиљановска Давкова го купи станот како носител на станарското право. Не сме имале друг недвижен имот.

Прилог:

Текст објавен на iportal.mk

Kако е стекнат имотот: Додека Сиљановска била министерка во Владата, нејзниот сопруг од државата купува куќа во центарот на Скопје, a подоцна и 10 дуќани

 2 мај , 2019

Центар.мк истражуваше по јавно објавената колумна на Мимоза Ристова, во која професорката јавно отвори сомнеж за начинот на којшто е стекната куќата во која живее Гордана Сиљановска, кандидатка на претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

Според документите до кои дојде Центар.мк се отвора основан сомнеж на кој начин е стекнат овој имот.

Зошто оваа истражувачка сторија отвора сомнежи?

Додека Гордана Сиљановска била министерка во првата влада во независноста, од 1992 до 1994 година, нејзиниот сопруг Благоја Давков, купил куќа од државата на атрактивна локација во центарот на Скопје.

Ценатр.мк дојде до Договор за купопродажба на недвижен имот (Бр. 8460/1384) од 1993 година помеѓу Република Македонија од една и Благоја Давков од друга страна.

Со овој договор, сопругот на Сиљановска, Давков од државата во којашто неговата сопруга е министерка, купува недвижен имот-куќа со станбена површина од 134 квадратни метри на улица Орце Николов во центарот на Скопје.

Куќата, Давков ја купил по цена од 83.500 германски марки.

Ова е втор случај каде Благоја Давков се поврзува со министерувањето на неговата сопруга Гордана Сиљановска.

Претходно, се појавија информации кои ги потврди и самата Сиљановска, дека за време на нејзиниот мандат во владата, нејзиниот сопруг од државата добил бизнис со фри-шоп кој во тоа време важел за еден од најдоходовните бизниси во државата.

Оваа истражувачка сторија е основ надлежните институции, да истражат на кој начин е стекнат овој имот кој бил во државна сопственост, во време кога Сиљановска била министерка во Владата.

Дали и како министерка Сиљановска влијаела на одлуките?

Kуќата е со површина од 134 квадрати, а била купена за 83.500 германски марки во 1993.

Плацот е со површина од 545 м2 во најексклузивното место во Скопје.

Исто така низ јавноста кружи прашањето како со професорска плата Силјаносвка и нејзиниот сопруг станале сопственици на 10 деловни објекти во ТЦ Мавровка, од кои наплаќаат кирии.

Апсурдно е партијата која го приватизираше целиот имот на Комунистичката партија во тој период да се служи со лаги и манипулации и да обвинува друг за приватизација на имот.

На СДСМ им е повеќе од јасно дека на 5ти мај граѓанките и граѓаните ќе им дадат црвен картон на ненародните политики на оваа власт. Народот ги препознава нивните лаги и повеќе ме им верува.

Со почит,

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова