Македонија треба да се грижи за сите граѓани вклучувајќи ги и глувите и наглувите

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р. Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со Здружение на глуви и наглуви на град Скопје.

На средбата со Здружение на глуви и наглуви на град Скопје повторив дека Македонија треба да се грижи за сите граѓани вклучувајќи ги и глувите и наглувите. Дали знаете дека тие се обединети без разлика на мајчиниот, сите користат еден знаковен јазик, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова посочи дека овие сограѓани треба да се опфатени од принципите на соодветна и првична застапеност.