На средбите во Гостивар и Тетово истакнав правото и правдата доаѓаат со овие претседателски избори

На средбите во Гостивар и Тетово истакнав дека правото и правдата за Македонија доаѓаат со овие претседателски избори. Јас, ако бидам избрана за претседателка на државата, ќе се обраќам многу често бидејќи имам право најмалку еднаш во годината, ама ако ги бројам проблемите на граѓаните дали се тоа еколошки, дали се тоа проблемите на лицата со посебни потреби, дали се тоа проблеми на Ромите, за проблемите на здравствените работници, земјоделци. Долга е листата на обраќањата на која јас се разбира подготвена со аргументи и предлози за политики ќе ги предочам најважните проблеми. Ова општество е мултиетничко, нивното општество е еден опасен феномен на бинационална држава. Во нивниот концепт важни се само македонците и албанците. Што станува со останатите заедници? Ваквиот концепт води кон поделби, нерамноправност и конфликт. Македонија е се што тие немаат, а Македонија е се што ние имаме!

#ПравдаЗаМакедонија
#ТатковинатаПовикува