Петоци за иднината!

Денес по сите меридијани низ светот младите штрајкуваат за конечен крај на глобалното затоплување, загадувањето и профитерството на сметка на животната средина.

Се започна кога младата Грета Тунберг, своеволно и единствена излезе на првиот школски протест пред зградата на Шведскиот парламент. Тоа што започна како личен чин прераснува во масовно и глобално хоризонтално движење на младите.

Ова мало бунтовно девојче со своите 16 години нека ни биде пример. Преземете акција секогаш и секаде.

И замислете, конкурент на Грета за Нобелова награда за мир е човекот кој зборува за “завидлизам”.

Поддршка до сите здруженија и млади од Македонија кои учествуваат во ова движење.

Јас ќе го слушам вашиот глас. Сите дишеме ист воздух !