Последниот ден од кампањата беше доказ дека беше најцрн во црната кампања кон мене

Почитувани,

Ми се чини дека последниот ден од кампањата беше доказ дека беше најцрн во црната кампања кон мене, морам да кажам. Тоа е само знак или доказ дека уште еднаш власта на заминување е најстрашна власт.

Очигледно дека во недостиг на аргументи, во недостиг на знаење, во недостиг на дигнитет и интегритет како во дебатните емисии така и на билбордите, така и во настапите кампањата беше најчесто ad hominem до колку не беше наместена.

Што очекувам? Мислам за настапите, ние одевме на отворени митинзи таму можеше секој да учествува, а власта посегна кон еден „специјален модел на водење на кампања“, која кандидатот се разбира беше заштитен.