Се заљубив во мојот сопруг бидејќи беше бунтовник, интригантно момче кое имаше плочи

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, вели дека се срами што до сега не ја познавала доволно Македонија. Во интервју за ТВ Клан Силјановска зборува и за својот приватен живот. Вели дека очекува ЛГБТ заедницата да гласа за неа и жали што политиката се вмешала во нејзиниот дом.

-Кога се сретнавме со мојот сопруг имавме по 17 години, и на таа возраст, ние девојчињата кои ги имаме сите петки и награди, сакаме да се дружиме со некој кој е поинаков, да не речам мангуп. Тоа беше интригантно момче кога го сретнав, бунтовник, занесен во музика, имаше плочи. Неговите другари велеа „сега ќе си ја изгубиш слободата, најде бубалица“. Јас воопшто не бев бубалица. Тој беше интилигентен, но не беше дисциплиниран како мене. На факултет бевме со десетки и деветки. Се расправавме се дополнувавме, се смеевме еден на друг – раскажува Силјановска.

За ЛГБТ заедницата вели дека го почитува правото на избор кај секој човек.

-Мислам дека ќе гласаат за мене, добив и прашања од нив. Секој има право да биде почитуван неговиот начин на живот и јас тука ништо не можам да сторам. Потребно е разбирањето – додава таа.

Силјановска зборува и за Преспанскиот договор, интегративните процеси во ЕУ и НАТО како и

-Ме зачудуваат оние кои велат дека античката историја е само хеленска. Ние имаме примери на наша територ, антика ќе најде и во Албанија, Бугарија. Не е точно дека антиката е грчка и не смее да биде екслузивна сопственост на само една држава и еден народ – додава таа.