Силјановска Давкова од Битола: Со СДСМ на власт, станавме скандалозна земја

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните од Општина Битола.

Може ли со ваква држава да се оди кон Брисел, не може се разбира. Не е доволен договорот, не е доволен законот за употреба на јазиците  зошто се чини дека оваа Влада и оваа власт кога се диригирани, деледеригирани создаваат впечаток или привид на работа или активност но кога ќе се соочат со проблемите на народот тие воопшто не реагираат.

Како да се стаписани, зошто? Зошто се преокупирани со сопствените олигархиски интереси. Речиси нема ден да не се соочиме со скандал. Така што таа стана само скандалозна земја, нивната Северна Македонија е скандалозна земја.

Ама тоа не е нашата Република Македонија.