Силјановска Давкова со порака од Градско: Младината е иднината на Република Македонија, без која не може да опстане

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со граѓаните од Општина  Градско.

Со младите во Градско зборувавме за актуелните случувања во државата, како и за нивните секојдневни проблеми. Голем дел од нив потекнуваат од земјоделски семејства, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

При средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потенцира дека младите од оваа општина останале со цел да го негуваат тоа што го граделе нивните семејства. Но и покрај ветените субвенции, без кои велат, не можат да опстојат прашуваат зошто нивните исплати доцнат?

На крај од средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вети на младите дека по нејзината победа ќе се залага младината да остане во оваа земја. Бидејќи младината е иднината на Република Македонија, без која не може да опстане. Ќе се заложи за подобри мерки со кои младите ќе останат во своите родни места и нема да талкаат по светот по потрага за подобар живот.