Сиљановска Давкова: Им благодарам на сите граѓани за огромната поддршка, на 5 мај ќе победиме заедно со народот

Соопштение до јавност

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова  денеска ја посети црквата Св. Апостоли Петар и Павле во Ново Лисиче.

Сиљановска Давкова оствари неформална средба со голем број на граѓани каде што и беше изразена голема поддршка за убедлива победа во вториот круг на претседателските избори на 5 мај.

Сиљановска Давкова изрази голема благодарност до сите граѓани и порача дека доколку биде избрана за претседател ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р. Гордана Сиљановска Давкова