Сиљановска Давкова: На 21 април ќе победиме и ќе го започнеме патот на реформи и Европската унија, заедно ќе се избориме за правото и правидната

Соопштение до јавност

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Гази Баба.

Пред големиот број на присутни граѓани Сиљановска Давкова истакна дека во македонската химна се пее за борбата за слободата и дека токму овие избори се избори за повторно враќање и освојување на слободата во Република Македонија.

Химната зборува за слободата во Македонија, битката за слободата, за жал судбина ни било вечно да се бориме за слободата мислевме дека ја освоивме, или дека  ја освоиле нашите татковци, мајки за време на народно ослободителната војна но се чини дека повторно ќе треба да си ја вратиме и да ја освојуваме зошто ова што се случува во земјата не е слобода, вели Сиљановска.

Таа порача дека на 21 април со нејзината победата на претседателските избори ќе заврши газењето на слободата.

На 21 април ќе ги потсетиме дека помина времето на газењето на слободата, дека доаѓа времето на слободата, на слободна Македонија, нагласи Сиљановска.

Сиљановска Давкова додаде дека родовата рамноправност е најголема придобивка за демократијата во државата и дека со самото тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја поддржало во нејзиното кандидирање за претседател на државата покажала дека се бори за родова рамноправност.

Родовата рамноправност е најголемата демократска придобивка. ВМРО-ДПМНЕ го препозна тоа кога отвори порта за една жена и тоа однадвор и ја препозна мојата програма, кажа Сиљановска Давкова.

Според нејзе нема може да постои демократија ако моќта е концентрирана во еден човек.

на Може ли да постои демократија ако сета моќ е на едно место. Не говорам за авторитет, моќта не значи авторитет. Авторитетот значи само можност да влијаете врз нечии ставови, со аргументи, не со закана, не со сила, моќта значи дека го злоупотребувате статусот за да му наредите некому или да го заплашувате некому дека доколку не го прави она што тој го сака може да му следи казна. Казната може да биде за вас, ама може да биде и за вашите најблиски, затоа со правот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со месеци им се обраќа и на оние во државната и јавната администрација и на оние во здравството без оглед на партиската припадност и на младите предупредувајќи  дека дојде времето за промени, дека ние сме решени да градиме единство а не делби зошто одамна немало по поделено општество од македонското по сите линии а тие глумеа и повикуваа на помирување. Такво помирување со вакви делби. Такво помирување не е можно. Само некој друг може да го помири македонскиот народ внатре, но и со другите, рече таа.

На крај Сиљановска нагласи дека Македонија е татковина на сите и дека на 21 април и 5 мај со нејзината победа и со поддршка од граѓаните ќе се отвори патот кон вистински реформи, патот кон Европската унија и патот кон правото и правдините.

Се надевам дека на 21 април и 5 мај ќе го отворите новиот пат, патот кон реформите, патот на слободата, патот кон Европската унија во името на правото и правдината, заврши Сиљановска Давкова.

                                                                                      Со почит,

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова