Сиљановска Давкова: Негрижата за културата е показател плус за неспособноста на влада на СДСМ и Заев

Соопштение до јавност

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска во Куманово оствари средба со Дејан Ѓорѓиевски потпретседател на Македонско археолошко друштво, Синиша Кашавелски меѓународно познат ликовен уметник и Боби Серафимовски, композитор и џез музичар.

На средбата истакна дека под власта на СДСМ културата е на најниски гранки не само во Куманово туку и низ цела Македонија. Негрижата за културата е показател плус за неспособноста на оваа влада. Нашето културно наследство е оставено на забот на времето, нашите уметници секој ден имаат се помалку услови за покажување на својот потенцијал и создавање уметност. Дополнително, оваа влада преку потпишување на договорот од Преспа, се откажа и од археолошкото богатство и културното богатство на Македонија. Потенцираше дека на 21 април граѓанките и граѓаните на Македонија ќе се охрабрат и ќе го дадат својот глас за право и правда.

Со почит,

Тим на Кандидат за претседател на Република Македонија,

Проф. Д-р. Гордана Сиљановска Давкова