Сиљановска Давкова оствари средба со жителите на с. Бањица

Денеска кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со жителите на с. Бањица.
Во текот на средбата се разговараше за проблемите кои ги делиме како граѓани во оваа земја.
Сите граѓани на Македонија имаат проблеми со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот. Ги слушав денес и Турците и Албанците од Долна Бањица, односно Aşağı Banisa на турски и Banjicë e Poshtme на албански. Нивните проблеми се слични со соседите Македонци, и со Србите, Бошњаците, Ромите, Власите, Египјаните и другите.
Со владеење на правото да ги решиме, појасни Сиљановска при средбата.
Сиљановска Давкова истакна дека граѓаните ги споделуваат истите проблеми како непочитување на Уставот и непочитување на законите кои треба да се исти за сите граѓани. Дури и додаде дека зачувувањето на турскиот идентитет е од витално значење, и општествена интеграција на младите е од особено значење во земјата.