Уставниот суд мора под итно да почне да ги решава ургентните предмети кои се однесуваат на човековите права

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова во контекст на најновите случувања во правосудниот систем, правните експерти и новинари зборуваат за „политичка поплава“.

Јас би рекла дека е ова цунами на политичко самоволие какво што досега не сме виделе, а кое резултира со правна несигурност, селективна правда, внесување страв кај судиите кои не постапуваат според законот, туку за да избегнат јавен линч и политичка осуда, дуваат и на јогурт и така ги кршат правата на обвинетите и ги дискриминираат, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

Според проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, небезбедноста на притворените, играњето „пинг-понг“ со мерката притвор, амнестирање на повеќе од половина обвинети и драконски казни како што се очекува за останатите поврзани со настаните од 27-ми април. Доста е веќе со повикување на „виши цели“ отворање на патот кон НАТО и ЕУ, и оправдување на партизацијата на законодавната власт со наметнување на самоволие од страна на владата. Секоја критика на ова што ни се случува пред очи и натаму се дискредитира и замолчува со наводна „одбрана на криминалот и на фамилијата“.

Ги повикувам колегите од правните факултети, адвокатската комора, НВО кои се занимаваат со правосудниот систем и човековите права, но и сите граѓани да се ослободат од стегите на стравот и политичката коректност и нештата да ги наречат со вистинското име: политичко самоволие и страховлада! Уставниот суд мора под итно да почне да ги решава ургентните предмети кои се однесуваат на човековите права, без да калкулира и да ги остава „жешките костени“ за Собранието, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.