Силјановска Давкова беше на настан кој што се одржа во Хотел „Холидеј Ин“

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес беше на настан кој што се одржа во Хотел „Холидеј Ин“.

Слоганот на конгресот на Демократската партија на Србите во Македонија „Мудро, одлучно, ми знамо зашто“, важи за сите граѓани на Република Македонија. Да се биде мудар, одлучен во овие времиња е исклучително важно и сите знаеме зошто. Затоа што Македонија не се гради како граѓанска, мултиетничка, мултиконфесионална туку како бинационална и билингвална држава во која за граѓаните немаат исто значење.

Постоење на една институција за една заедница и друга за помалите заедници е спротивно и на Уставот и на европските принципи и создава услови за дискриминација на таканаречените помали заедници иако ниедна етничка група или дел од народ не смее да биде нарекувана мала. Комитетот за односите меѓу заедниците е најдобар пример за оваа дискриминација против која заедно ќе се бориме. И Србите и сите други граѓани имаат право да бидат еднакви пред законите и јас верувам дека ќе се борам за таа дискриминација да запре, затоа што сите сме исти пред законите

Слоганот на конгресот на Демократската партија на Србите во Македонија „Мудро, одлучно, ми знамо зашто“, важи за сите граѓани на Република Македонија. Да се биде мудар, одлучен во овие времиња е исклучително важно и сите знаеме зошто. Затоа што Македонија не се гради како граѓанска, мултиетничка, мултиконфесионална туку како бинационална и билингвална држава во која за граѓаните немаат исто значење.

Постоење на една институција за една заедница и друга за помалите заедници е спротивно и на Уставот и на европските принципи и создава услови за дискриминација на таканаречените помали заедници иако ниедна етничка група или дел од народ не смее да биде нарекувана мала. Комитетот за односите меѓу заедниците е најдобар пример за оваа дискриминација против која заедно ќе се бориме. И Србите и сите други граѓани имаат право да бидат еднакви пред законите и јас верувам дека ќе се борам за таа дискриминација да запре, затоа што сите сме исти пред законите.