Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова при посетата на Дебар и Ростуше

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со граѓаните од Дебар и Ростуше при што говореше за лошото владеење на оваа власт.

Можеби има и повеќе од 100 причини да не им се верува, оти немаат крај неговите и нивните лаги. И навистина мислам секој ден се демантираат и се што кажаа излегува дека го погазиле. Значи нема кому да веруваме ние и ако е така за потсмев служиме во регионот. Како компасот да сме го изгубиле, а цело време зборуваат за живот и демократија. Зошто мислам дека веќе кажавте вие дека се важни овие избори, не заради мене туку заради Македонија. Заради демократијата, зошто победата на овие избори, како што рековте ќе овозможи и предвремен параламентарни избори. А, всушност во втората глава од извршната власт, во владата лежат решенијата и можностите за вистински промени. Не бегам од одговорност но мислам дека политиките во образованието, здравството, социјалната заштита како што рековте вие се важни за да не ги изгубиме децата, да не заминат по светот. А, дојдоа на власт под мотото „за живот“ но ништо од животот.

На крај од двете средби проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на граѓаните им рече дека треба да ја победиме оваа ненародна власт и тоа ќе значи предвремени парламентарни избори

 

Со почит,

Проф. Д-р. Гордана Силјановска Давкова